Бугарска фудбалска легенда се бори за живот во онколошка болница во Германија

Дерби

02/12/2025

11:26

185

Големина на фонт

а а а

Љубослав Пенев е легендарен бугарски напаѓач кој остави својата трага и во еминентни клубови како Валенсија и Атлетико Мадрид, а по крајот на импресивната играчка кариера, славниот репрезентативец се испроба и во тренерските води.

Пенев последниот тренерски ангажман го имаше пред една година во родната земја во Локомотив Пловдив, но за жал сега пристигна информација дека легендарниот фудбалер се бори за живот, и тоа во позната онколошка болница во Германија.

Популарниот Љубо се бореше со рак и во текот на својата играчка кариера, но сега подмолната болест му зафатила витален орган и поради специфичната локација на туморот, трансплантацијата била невозможна.

Како што јавува „Блик“, 59-годишниот Пенев има тумор од повисок стадиум на едниот бубрег, а поради неможноста да се изврши трансплантација, онколозите веќе стартувале со друг метод на лекување.

Според информациите, Пенев значително ослабнал во последниот месец и се довел до ситуација состојбата значително да му се влоши, па јасно е дека Љубо сега води борба за живот во една од најпознатите европски клиники за онколошки заболувања во областа на нефрологијата.