[ФОТО] Овие детски колички на „Mercedes“ чинат повеќе од половен автомобил

Точка

02/12/2025

12:02

647

Големина на фонт

а а а

„Mercedes“ претстави новитети во својата понуда за најмладите, но она што најмногу привлече внимание е – цената.

„Mercedes“ и „Hartan“ се здружија за да претстават четири нови модели луксузни колички со препознатлив дизајн. Во понудата се „Performance“, „Avantgarde“, „All-Terrain“ и „AMG GT2“, а сите модели имаат приспособлива суспензија и додаток „Bag2Go“.

Пред неколку месеци „Aston Martin“ го привлече вниманието со претставување на детски колички од речиси 2900 евра, покажувајќи дека за луксуз никогаш не е прерано. „Mercedes“ сега се приклучува на овој тренд и во соработка со германскиот специјалист за детски колички „Hartan“ ја лансира својата колекција.

За сопствениците на „Mercedes“ кои сакаат нивниот стил да се препознае и во детската соба, ова може да биде совршен празничен подарок.


Што нуди?

Како што споменавме, моделите инспирирани од автомобилите ги носат називите „Performance“, „Avantgarde“, „All-Terrain“ и „Mercedes AMG GT2“.

Моделот „Performance“ е опремен со систем за безбедно фиксирање „Quick-Fix“ и корпа со приспособлив наслон.

„Avantgarde“ носи телескопска рачка – практично решение за родители со различна висина, бидејќи овозможува поудобно управување со количките без наведнување или претерано испружување на рацете.


Како што може да се претпостави, „All-Terrain“ има поцврсти гуми приспособени за возење надвор од уредени подлоги, а опремен е и со рачна сопирачка.

Сите три модели се обложени со веганска кожа и достапни се во пет бои: "Rubellite", "Opalite", "Tartufo", "Vintage Blue" и "Verde Silver".

Најкомпактен е моделот „Mercedes AMG GT2“. И покрај името, не станува збор за играчка за патека, туку за модел што лесно се преклопува за да собере во багажник. Опремен е со "AMG" тркала со краци и детали во боја коњак – од украсните конци до везениот AMG логотип на настрешницата.


Сите четири модели имаат приспособлива суспензија и торбичка „Bag2Go“ што се закачува на рачката, а за оние што сакаат дополнителен луксуз, достапни се и специјални ракавици за управување со количките во студени денови.

Цените, во зависност од пазарот, се движат од околу 1199 евра до 1999 евра за моделот „AMG GT2“, без вклучени бројни додатоци кои лесно можат да ја удвојат конечната цена.