Најмладиот возач во Формула 1 добива закани по живот поради грешка што може да го одлучи шампионот

Точка

02/12/2025

11:43

405

Големина на фонт

а а а

Андреа Кими Антонели (19), во моментов најмладиот возач во Формула 1, добива закани по живот по трката за Големата награда на Катар. Возачот на „Mercedes“ во последниот круг направи грешка поради која Ландо Норис го престигна во борбата за четвртото место – момент што би можел силно да влијае врз исходот на битката за титулата.

Многу следбеници на Формула 1, кои очигледно навиваат против Норис, односно за Макс Верстапен, му испраќале на Антонели навредливи и заканувачки пораки. Поради тоа, тој ја сменил својата профилна фотографија на Instagram со црна слика, а за случајот реагираа бројни организации поврзани со Формула 1, меѓу кои и „Red Bull“.

Се огласи „Red Bull“

Тркачкиот инженер на „Red Bull“, односно Верстапен, Џанпиеро Ламбијасе, во завршницата на трката коментираше дека „изгледа како Антонели едноставно да застанал и му дозволил на Норис да помине“, па оттаму од „Red Bull“ испратија извинување. Во нивното соопштение беше наведено:

„Коментарите пред и веднаш по завршувањето на Големата награда на Катар, кои сугерираа дека возачот на ’Mercedes‘, Кими Антонели, намерно му дозволил на Ландо Норис да го престигне, очигледно не се точни. Снимките покажуваат дека Антонели накратко ја изгубил контролата врз болидот, што му овозможило на Норис да го мине. Искрено жалиме што тоа доведе до онлајн злоупотреби кон Кими.“

Што точно се случи?

Повеќе од десет круга Норис се мачеше да го престигне Антонели на четвртото место, а на крајот успеа тоа да го направи во последниот круг, користејќи ја големата грешка на Антонели, кој накратко ја изгуби контролата над болидот.

Да не го престигнеше Антонели, Норис во последната трка повеќе немаше да може да ја освои титулата само со третото место – ќе мораше да биде најмалку втор. Вака, благодарение на овој момент, влегува во самиот финиш во многу подобра позиција.