13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: Судијката го предупреди дека му следува самица

Макфакс

02/12/2025

10:25

1.199

Големина на фонт

а а а

На почеток на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен скужбеник во Министерството за економија кој е во притвор и во чија ќелија биле пронајдени вкупно 13 мобилни телефони и лаптоп.

„Морам да ве предупредам дека ви следува самица и други казни“, рече судијката Груевска-Илиевска.


Обвинетиот Камбери се обиде да објасни дека и тој ги нашол 13-те мобилни и компјутерот во ќелијата, што судијката не го зеде предвид и уште еднаш му кажа дека мора да го предупреди.


Судењето продолжи со изјави за оштетни побарување од семејствата на загинатите