Напиток којшто прави чуда за срцето и го намалува притисокот – се пие со појадокот, а ќе почувствувате голем прилив на енергија, велат кардиолозите

Точка

02/12/2025

10:18

487

Големина на фонт

а а а

Начинот на којшто го започнуваме утрото и тоа како може да го одреди ритамот на останатиот ден. Кратката прошетка или вежби, како и добро избалансираниот појадок би можело да биде поттик дека во текот на денот може да продолжиме да носиме подобри одлуки за своето здравје.

Еден напиток којшто одлично се вклопува во појадокот исто така може да направи голема разлика и позитивно да влијае на здравјето.

Студија од 2022 година, објавена во „JAMA Internal Medicine“ покажала дека дополнителни 10 минути одење дневно би можело да спречи повеќе од 100.000 смртни случаи годишно, пренесува „Parade“.


Но, физичката активност не е единствената работа која може да го трансформира нашето здравје. Експертите истакнуваат дека еден напиток којшто треба да го пиете редовно може природно да го намали крвниот притисок, а идеално се вклопува со појадокот.

Според студија од 2024 година, објавена во магазинот „Nutrition, Metabolism and Cardiovascular Diseases“ дневното консумирање сок од цвекло содржи 200 до 800 милиграми нитрати кои можат да го намалат крвниот притисок. Ова го потврдуваат и претходни истражувања, вклучувајќи студија од 2012 година.

Зошто сокот од цвекло е толку моќен?

Кардиологот д-р Сириша Вадали објаснува дека нитратите од цвеклото се претвораат во азот-оксид којшто ги шири крвните садови и го намалува притисокот. Исто така придонесува во пофлексибилноста на артериите, што е клучно за долгорочно кардиоваскуларно здравје. Интервенцискиот кардиолог д-р Сањај Бојрај додава дека бактериите во устата имаат важна улога во претворањето на нитратите во азот-оксид: „Последицата е намалување на крвниот притисок затоа што крвните садови се опуштаат и шират“.


Колку сок од цвекло е доволно?

Експертите препорачуваат една до две шолји дневно. Ефектот може да се појави шест до 12 часа по консумирањето, а долгорочно редовно консумирање сок од цвекло може да го намали притисокот за околу четири единици, што е клинички многу значајно.

Д-р Бојрај нагласува дека поголемиот пад од само два милиметри жива поврзан е со 7 отсто помал ризик од смртност од срцеви болести.

Сокот од цвекло содржи и изобилство на калиум, минерал којшто ги ублажува штетните ефектни на вишокот натриум во исхраната.

„Калиумот природно помага во опуштање на мускулите во ѕидовите на крвните садови и така го намалува притисокот“, додава д-р Вадали.