[ФОТО] Лавина реакции по стартувањето на „Сејф сити“: „Земете исперете колите, срамота прљави за сликање“, „Ми стигнаа 3 опомени за возење со 51,54 и 56 км/ч.“

Точка

02/12/2025

09:03

3.225

Големина на фонт

а а а

Вчера започна пробниот период на системот „Безбеден град“ („Safe City“) кој во првите часови регистрираше повеќе од 65.000 сообраќајни прекршоци.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во пресрет на започнувањето на работата на овој систем истакна дека со него се започнува една нова етапа во унапредување на сообраќајната безбедност, а сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат електронско известување за сторениот прекршок, документиран со современи технички средства и уреди за снимање.

Како што истакна, целта е јасна: повеќе безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали се работи за урбана зона или пат надвор од населено месо.

Сепак, граѓаните и покрај тоа што се трудат да ги почитуваа правилата, не престануваат да го коментираат „хаосот“ којшто се случува низ скопските улици.

Дел од нивните реакции прочитајте ги во продолжение:

Господа од МВР време и вие малку да мислите на граѓаните. Направите "зелен бран" на Партизанска за да можи со брзина од...

Posted by Rubin Zemon on Monday, December 1, 2025

Се додека Ви стигнува казна од 20€ за возење со "фантастични" 52km/h каде што е дозволено 50km/h БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ЌЕ РАСТЕ, бидејќи сите возачи ќе гледаат во брзиномерот наместо на патот.

Posted by Bekjarovski Niko on Monday, December 1, 2025

Ова со казниве со камери ако старува од 1ви Јануари, до Божиќ пола Скопје ќе нема возачки имајте у предвид јавен превоз...

Posted by Nenad Lazarov on Monday, December 1, 2025