Првата дама на Америка, Меланија Трамп по петти пат ја декорира Белата куќа за празниците, а овојпат се надминала себеси.
Откако минатата недела ја дочекала новогодишната елка во прекрасен бел капут и необични чевли, првата дама на Америка сега покажала како ја декорирала Белата куќа.
Годинава темата била „домот е таму каде што е срцето“, а целта била да се прикаже американската „великодушност и благодарност“ низ блескавите илјадници украси, пишува „NYT“.
„Изреката домот е таму каде што е срцето длабоко ми одекнува, особено додека се носам со радостите, предизвиците и честите патувања кои доаѓаат со мајчинството и работата“, објаснила Меланија, па додала:

„Често патувањата ме научија дека домот не е физички простор туку тој е топлина и удобност која ја носам во себе, без оглед на моето опкружување“.
Годинава Белата куќа сјае со помош на 10.000 сини пеперутки, 7.000 метри зеленило, 2.000 светлосни ланци, 2.800 златни ѕвезди, 25.000 метри ленти, 200 метри венци, 55 килограми медењаци, 120 килограми тесто од ѓумбир за макета на целата куќа, 51 новогодишни елки и 75 традиционални венци.
Имено, Доналд Трамп наредил во ноември да се сруши источното крило од куќата, традиционалната почетна точка за да направи простор за гламурозната сала за танцување вредна 300 милиони долари.
Home Is Where the Heart Is
— First Lady Melania Trump (@FLOTUS) December 1, 2025
AMERICA’S CHRISTMAS
This Christmas, let’s celebrate the love we hold within ourselves and share it with the world around us. After all, wherever we are, we can create a home filled with endless possibilities. pic.twitter.com/VouZAtLpHU
Источната соба е посветена на 250-годишнината од потпишувањето на Декларазијата за зависност. Патриотските украси во црвена, бела и сина боја со орли и 250 ѕвезди, ја носат поттемата во себе „Домот е таму каде што е срцето: Америка е нашиот дом“.
Зелената соба прикажува семејна забава со поттема „Домот е таму каде што е срцето: Семејна забава“, а ја красат прикази од најдобрите американски игри како и Лего портрети од претседателот и Џорџ Вашингтон.
Во Сината соба каде се наоѓа официјалната новогодишна елка во Белата куќа, се оддава почит на семејствата од Златната ѕвезда.

Црвената соба е посветена на иницијативата на првата дама „Биди најдобар“. Просторот е исполнет со над 10.000 пеперутки со поттема „Поттикнување на иднината“.
Инаку, ова е петти пат Меланија Трамп да ја уредува Белата куќа за празниците, со што се смести меѓу првите дами кои оставиле моќен визуелен печат на претседателската празнична традиција.

















