Кога станува збор за зајакнување на коските, многу луѓе веднаш помислуваат на млеко, јаткасти плодови или лиснат зеленчук.
Меѓутоа, ретко помислуваме на пијалаците што можат да ги ослабат. Ортопедскиот хирург д-р Џереми Смит објаснил дека здравјето на коските се обликува и преку она што го јадеме и пиеме.
„Здравјето на коските може да има многу фактори, вклучувајќи ги и работите што ги јадеме и пиеме, особено млекото бидејќи е богато со калциум. Од друга страна, она што го јадеме и пиеме исто така може да ги ослабне коските“, рекол д-р Смит за „Parade“, а и ортопедскиот хирург д-р Памела Мехта се согласила.

Д-р Смит и д-р Мехта истакнале дека еден празничен пијалак, иако навидум добар за коските, може да има спротивен ефект: топлото чоколадо. Тие објасниле дека шеќерот во класичното топло чоколадо ги поништува некои од придобивките од млекото.
„Традиционалното топло чоколадо може да обезбеди калциум и протеини од млекото – и двата се добри за вашите коски – но придобивките може да се намалат ако е полно со шеќер или шлаг“, предупредила д-р Мехта. Таа додала дека целокупниот начин на исхрана и начинот на живот имаат најголемо влијание.
Повременото топло чоколадо не е проблем ако остатокот од исхраната е избалансиран
Што се однесува до ефектите на шеќерот, д-р Смит објаснил дека вишокот шеќер го нарушува апсорбирањето на калциумот во телото. Д-р Мехта додала дека прекумерниот внес на шеќер го поттикнува воспалението. „Хроничното воспаление се меша во нормалниот процес на ремоделирање на коските, постојаното распаѓање и поправка што ги одржува коските силни“, рекла таа. Таа исто така истакнала дека исхраната богата со шеќер честопати има ниска содржина на калциум и витамин Д.

Двајцата експерти се согласиле дека повременото топло чоколадо не е проблем ако остатокот од исхраната е избалансиран. Д-р Смит истакнал дека дома можете да направите верзија без шеќер користејќи незасладено какао и природни засладувачи.
Д-р Мехта препорачала и други топли пијалаци кои ги поддржуваат коските, како што се златно млеко со куркума и зелен чај. „Апсолутно можете да уживате во слатките. Само осигурајте се дека се вклопуваат во здравиот начин на исхрана“, заклучи таа.






