Авион се урна кај Суботица: Копилот почина, пилотот во болница - „Телеграф“: Авионот што вечерва се урна кај Суботица паднал на истото место пред три години

Макфакс

14/11/2025

21:22

326

Големина на фонт

а а а

Во авионската несреќа во областа помеѓу Суботица и Бико, еден маж загина, а друг е тешко повреден.

Помал авион од типот „Пајпер“ падна на околу два километри од аеродромот Биковац каде што требаше да слета кратко по 17 часот.


Копилотот Золтан С. (30) беше прогласен за мртов веднаш по обидот за реанимација, додека пилотот Карло Ф. (24) беше пренесен во болницата во Суботица.

Според наредбата на обвинителството, властите од Цивилната авијација спроведуваат истрага, јавуваат медиумите.

Меѓутоа авионот од типот „Пајпер“ (Piper) не паднал за првпат – истото летало, регистрирано како YU-DPV, имало несреќа и пред три години, под речиси исти околности, дознава ексклузивно „Телеграф“.


Претходната несреќа се случила на 24 септември 2022 година, исто така кај аеродромот Биково. Тогаш авионот ја изгубил силата на моторот за време на школски лет, па екипажот се обидел со присилно слетување. Авионот бил тешко оштетен, но пилотот и пилот-патникот поминале без потешки повреди.

Тогаш биле утврдени сериозни оштетувања: деформирана шасија за слетување, оштетен труп, елиса и крилја. Деталите од вечерешната несреќа допрва треба да бидат утврдени, а се очекува анализа што ќе покаже дали постои каква било поврзаност со претходната историја на летелото