[ВИДЕО] Цукерберг: „Мобилните телефони повеќе нема да постојат и никој нема да ги користи, доаѓа нешто ново“ – нема да им се допадне на сите

Точка

14/11/2025

19:09

1.695

Големина на фонт

а а а

Марк Цукерберг, директорот на Мета, тврди дека мобилните телефони ќе ги замени нов производ. „Ќе биде тоа исто како што се случи со компјутерите,“ рекол.

Не поминаа ни дваесет години откако паметните телефони станаа секојдневие, но и зависност.

Меѓутоа, директорот на Мета, Марк Цукерберг, предвидува дека луѓето наскоро ќе ги заменат со нова „играчка“ која ќе ја преземе нивната улога.

„Тоа ќе се случи веќе во текот на триесеттите години од овој век.“

„Ќе дојде момент кога вашиот паметен телефон најголемиот дел од времето ќе останува во џебот. Мислам дека тоа ќе се случи во текот на триесеттите години од овој век,“ изјавил пред нешто повеќе од еден месец во интервју за порталот „Verge“. Според него, новото технолошко чудо за масите ќе бидат таканаречените паметни очила.


Мета (која не е единствена) развива паметни очила кои ќе можат да фотографираат, снимаат, пуштаат музика и видеа, да примаат и отвораат мејлови и пораки, да преведуваат во реално време она што го гледаме, да прикажуваат рути и насоки до посакуваните локации во видното поле на корисникот, да прикажуваат проширена и виртуелна реалност, да даваат информации за објектите што ги гледаме, да мерат срцев пулс, крвен притисок… и, секако, ќе бидат поврзани со вештачка интелигенција, што дополнително ќе ги прошири можностите за нивна примена.

Ако мислите дека за сето тоа ќе биде потребна некаква вселенска кацига или гломазни очила за виртуелна реалност, грешите. Според најавите на Цукерберг, тоа ќе бидат наизглед сосема обични очила, налик на сончеви очила.


„Ќе се случи истото што и со компјутерите,“ вели Цукерберг. Сите ги имаме дома, но најчесто користиме мобилни телефони. Слично, според него, би можело да се случи и со паметните телефони во наредните години.

За масовна употреба, пречките се високата цена и напојувањето

А зошто луѓето би преминале толку брзо на новиот производ? „Веќе сега 1 до 2 милијарди луѓе секојдневно носат очила. Како што сите преминаа од компјутери на паметни телефони, мислам дека сите кои носат очила во наредната деценија ќе преминат на паметни очила,“ рекол Цукерберг во интервјут. „Мислам дека очилата ќе станат навистина корисни на крајот ќе ги носат и многу луѓе кои сега не користат очила,“ додал.

Во Мета новите паметни очила ги нарекле Орион. Прототипите веќе почнале да се тестираат, а во септември очилата биле претставени пред јавноста. Меѓутоа, компанијата сè уште не го објавила датумот за комерцијална употреба.

Како што наведуваат медиумите кои ја следат најновата технологија, најголемите пречки се високата цена на производство (а со тоа и недостапната цена за потрошувачите) и проблемите со напојувањето.

Некои можеби се сеќаваат како пред неколку години Гугл најави паметни очила, но тоа се покажа како „глушец што се роди од тресење на планината.“ Дали сега, кога технологијата напреднала, предвидувањето на Закерберг ќе стане реалност, останува да видиме – со очила или без нив.