Нова сезона, нов сјај - започнува трета сезона на „Старс шоу“

Точка

14/11/2025

16:44

636

Големина на фонт

а а а

По возбудливото летно издание „Хот Старс“, доаѓа време за ново телевизиско поглавје, трета сезона на „Старс Шоу“.

Од недела, 16 ноември, во 19:30 часот, на Канал 5 телевизија, започнува најновото издание на емисијата што секоја недела ги обединува најпознатите македонски и балкански ѕвезди во уникатна атмосфера на стил, искреност и вистинска забава.


Оваа сезона доаѓа со ново, екстравагантно студио, свежа визуелна енергија и уште поголем број интересни гости.

Креаторката и водителката Ивана Јанковска и оваа сезона ќе ја води емисијата со својот препознатлив стил и харизма, додека Ема Блажевска ќе продолжи да ја внесува својата позитивна енергија и ведрина. Новитет оваа сезона е и ново машко лице, мистериозно, харизматично и подготвено да донесе свежина и нова динамика во секое издание.


Токму со вистински ексклузивни гости, кои ретко се појавуваат пред ТВ камерите, „Старс Шоу“ ја започна својата трета сезона. Во првата епизода, на големото студиско сценско отворање, гостуваат Девито, еден од најпопуларните српски изведувачи, и Пајак, едно од најпрепознатливите македонски музички имиња. Двајца артисти кои со своето присуство и енергија го поставија високо нивото на оваа нова сезона.


Не пропуштајте ја третата сезона на „Старс Шоу“, секоја недела во 19:30, само на Канал 5, место каде што блескаат најпознатите ѕвезди и се раѓаат незаборавни телевизиски моменти.