Били Ајлиш предизвика бура на социјалните мрежи откако објави серија објави на Инстаграм насочени директно кон Илон Маск, нарекувајќи го „кутар и кукавица“, пренесува „Билборд“.
Ајлиш сподели повеќе графики од „MyVoiceMyChoice.org“ на својата инстаграм-приказна, опишувајќи што сѐ би можел Маск да финансира со своето богатство, вклучително и искоренување на светскиот глад, обнова на Газа, спасување на загрозените видови и обезбедување универзален пристап до чиста вода.
На еден слајд таа тврдеше дека Маск би можел да потроши 40 милијарди долари годишно за да стави крај на гладот во светот до 2030 година, или 140 милијарди долари за да ја снабди целата планета со безбедна вода за пиење во текот на седум години.
Таа навела и дека би можел да ги спаси сите 10.443 критично загрозени видови за приближно 1-2 милијарди долари годишно и дека 53,2 милијарди долари би можеле да ги обноват Газа и Западниот Брег, а уште поголеми инвестиции би можеле потенцијално да обноват делови од Украина и Сирија.
Со гореспоменатите бројки, нејзината најнова порака брзо почна да се споделува на социјалните мрежи и предизвика лавина од реакции.
На црна позадина, пејачката напиша: „Тој е …кутра п…а, кукавица“.

По оваа објава, на интернет се појавија коментари на поддршка, како и такви што ја критикуваа пејачката затоа што самата е доста богата.
Неодамнешните проценки ја проценуваат нето вредноста на Маск на близу 482 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек во светот.









