[ФОТО] „Вечност“: Нова колекција на Стефанија Насеска инспирирана од Златните маски од Требеништа

Точка

14/11/2025

17:00

566

Големина на фонт

а а а

Дизајнерката Стефанија Насеска ја претстави својата најнова колекција „Вечност“ (Eternity), инспирирана од Златните маски од Требеништа, едни од највпечатливите и мистични археолошки наоди на нашата културна сцена.

Златните маски, кои претставуваат национално богатство, биле употребувани за заштита на задгробниот, вечниот живот, а нивната орнаментика со безконечни спирали и меандри ја претставува вечноста, токму тоа ја инспирирало Насеска да ја крсти колекцијата токму „Вечност“.


Иако маските историски биле користени кај мажите, во колекцијата се применети на женски фигури, нагласувајќи ја нивната моќ, сила и храброст.


Дизајнерката ги претстави како корсети-оклопи, асоцирајќи на заштитата која некогаш ја носеле Амазонките, и со тоа ја истакна женската улога како водич во општеството.


Фотосесијата за колекцијата ја реализираше интернационално признатиот моден фотограф Стефан Соколовски, кој ја долови идејата на Насеска во најдобро модно светло.


Пред објективот застанаа моделите Анастасија Таушанова и Јагмур Бас од модната агенција Макс Моделс, а шминката ја изработи визажистката Сања Ивановска од студио Бленд.


Колекцијата „Вечност“ не само што го претставува спојот на модерниот моден дизајн со археолошкото наследство, туку и го промовира националното богатство со почит и внимание, нудејќи уникатна перспектива на женската сила и вечноста на културното наследство.