Мет Дејмон во улога на Одисеј: Објавени први фотографии од снимањето на филмот „The Odyssey“

Точка

14/11/2025

08:18

1.094

Големина на фонт

а а а

Магазинот „Empire“ ги сподели првите фотографии од снимањето на филмот „The Odyssey“ во режија на Кристофер Нолан, нудејќи увид во новиот проект и најавувајќи го излегувањето на филмот, кое е закажано за јули 2026 година.

Дејмон повторно се здружи со Нолан, со кого работеше на филмот „Interstellar“, и потврдено е дека го толкува ликот на Одисеј. Претходните извештаи сугерираа дека Том Холанд ќе ја има главната улога во „The Odyssey“, но тоа не е случај.

„Следниот филм на Кристофер Нолан е митски акционен еп снимен ширум светот, користејќи целосно нова IMAX филмска технологија. Филмот ја носи темелната Хомеровa сага на IMAX-филмските платна за првпат и пристигнува во киносалите ширум светот на 17 јули 2026“, се наведува на официјалните страници на филмот на социјалните мрежи.

Според зборовите на Нолан, продукцијата вклучувала обемно снимање во траење од 91 ден и бележела вистински услови на море за автентично да се прикажат искушенијата на Одисеј и неговиот екипаж. Режисерот ја истакнал физичката природа на снимањето на реални локации како клучна за раскажувањето, објаснувајќи дека тоа нуди исконско и импресивно искуство.


Филмот, продуциран од Ема Томас, долгогодишна соработничка и сопруга на Нолан, има за цел да спои спектакл од големи размери со историска и митолошка прецизност.

Нолан исто така споменува дека желбата да го сними “The Odyssey“ произлегла од првичната понуда да го режира „Troy“, филмот од 2004 година со Бред Пит во главната улога, кој истражуваше слична тема. Наместо тоа, тој продолжил да го снима „Batman Begins“, а останатото, како што велат, е историја.

Мет Дејмон ја опиша улогата како предизвикувачка, но и наградувачка можност, истакнувајќи ги емоционалните и физичките барања при портретирањето на Одисеј на неговото опасно патување.