[ФОТО] Нереални сцени ширум светот: На небото се појави реткиот феномен кој ги воодушеви луѓето

Точка

13/11/2025

13:25

569

Големина на фонт

а а а

Поларната светлина или осветлувањето на ноќното небо, обично во поларните региони, е забележана ширум светот.

На северот се нарекува „аурора бореалис“, а кога се појавува на Јужниот пол „аурора аустралис“. Бидејќи двете аурори имаат исто потекло, научниците појавата ја нарекуваат „поларна аурора“. Таа се создава кога Сонцето испушта големи облаци од гасови, а што се поголеми облаците, толку посилни и импресивни се светлечките прикази.

Аурора бореалис, позната и како северна светлина, светеше на небото над светилникот „Св. Марија“ во заливот Витли на североисточниот брег на Англија, достигнувајќи геомагнетна бура ниво G4 и создавајќи неверојатна глетка во раните утрински часови.


Аурора бореалис го осветлуваше небото во Хами, автономна област во Шјинџјианг, Кина. Во Долна Саксонија, Бад Цвишенан, аурората блескала над Цвишенанското езеро. Северната светлина била видлива и над езерото Пери, Канзас како и во Дакинг, провинција во Хеилонџианг во Кина.

Поларната светлина била видлива и над улицата Мејлп Гроув Роус во руралниот округ Монро во САД, додека силната геомагнетска бура среде неодамнешната соларна активност ја турка северната светлина необично далеку на југ во Блумингтон, Индијана. Појави биле пријавени низ целата територија на САД, дури до Тексас, Алабама, Џорџија и северна Флорида.