По неверојатни 400.000 компјутерски симулации, заеднички тим научници од Јапонија и НАСА ја пресметаа точната година кога, според нивните модели, Земјата ќе престане да биде погодна за живот.
Научниците од НАСА и Универзитетот „Тохо“ во Јапонија ги здружија силите и го искористија моќниот суперкомпјутерски систем за да направат научно, а не митолошко предвидување – за разлика од апокалиптични пророштва и научно-фантастични приказни.
Според резултатите, нашата планета ќе стане непогодна за живот приближно во годината 1.000.002.021, пренесува „LAD Bible“ – приближно милијарда години од денес, односно четири години помалку од тоа.

Научниците, сепак, нагласуваат дека човештвото нема да го дочека тој далечен момент. Забрзаното глобално затоплување, намалувањето на кислородот и сè посилното зрачење од Сонцето ќе ја направат Земјата негостопримлива многу порано.
Тие предупредуваат дека влошениот квалитет на воздух и растечките температури постепено ќе ја разнишуваат стабилноста на планетата, претворајќи ја атмосферата во задушлива замка за сè што би преживеало.

Смртоносната прегратка на Сонцето
Астрономи од Универзитетскиот колеџ во Лондон и Универзитетот „Warwick“ сметаат дека, на крајот, самото Сонце ќе ја уништи Земјата. Како што Сонцето ќе се шири во фазата на црвен џин, гравитациските сили кои ќе се ослободат ќе предизвикаат планетата да биде вовлечена или распарчена.
Исто како што Месечината ги влече океаните и создава плима, така и планетите делуваат врз својата ѕвезда. Но како што Сонцето старее и се шири, овие интеракции стануваат посилни – го забавуваат движењето на планетата и ја намалуваат нејзината орбита, објаснува Едвард Брајант од Универзитетскиот колеџ во Лондон, главен автор на трудот објавен во списанието „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.

Раните научни трудови, вклучително и истражување од 2021 година во списанието „Nature Geoscience“, се согласуваат дека судбината на Земјата е директно поврзана со развојниот циклус на Сонцето.
Кога Сонцето ќе ја исцрпи својата резерва водород, ќе се прошири во црвен „џин“, голтајќи ги најблиските планети. Во такво сценарио, дури и најамбициозните планови за колонизација на Марс – како оние на Илон Маск – би ја одложиле човечката пропаст само кратко, барем во астрономски рамки.











