[ВИДЕО] Се гледаме утре и секој ден, сè додека нема правда – порака од големиот собир во Нови Сад

A1ON.MK

01/11/2025

19:47

642

Големина на фонт

а а а

Се гледам утре и секој ден, додека нема правда – ова е пораката на транспарентот кој студентите го спуштија на Петроварадинската тврдина на крајот од големиот комеморативен собир за 16-те жртви на трагедијата кога пред една година се урна настрешницата на железничката станица.

Претходно од чамец на Дунав беше пуштени 16 лампиони. Собирот на кејот на реката, заврши мирно.

Претходно, во текот на денот, од рано утрото од 16 локации групи граѓани се упатија кон железничката станица каде што имаше 16 минути молк, а потоа и обраќања на јавни личности, но и на мајката на Стеван Хрка, момчето кое загина во несреќата која најави дека од утре ќе штрајкува со глад во Белград во близина на таканареченипт „Чациленд“.


На комеморативниот собир, покрај студентите и граѓаните од Нови Сад присустуваа и голем број луѓе од цела Србија. Многу од нив пешки дојода од Нови Пазар, од Белград, Шумадијаи и од други места.

Во Србија денеска е ден на жалост.