Пејачката Лепа Брена вчера на својот Инстаграм профил објави снимка на која го вози култниот „Голф кец“ (Volkswagen Golf Mk1).
Имено, Брена вчервечер одржа концерт во Градската арена „Хусеин Смајловиќ“ во Зеница, а непосредно пред настапот на социјалните мрежи сподели видео во кое го вози легендарниот автомобил и се присети на своите почетоци во кариерата.
„Повторно јас и мојот ‘Голф кец’. Толку години поминаа, а како и денес да го слушам оној звук на моторот од Сараево. Со него одев на првите проби, првите настапи, првите соништа. Немаше луксуз, но имаше срце и песна што носеше сè“, напишала Брена на почетокот на објавата.
„Денес, кога ќе седнам во него, ме враќа во времето кога се работеше од љубов, кога сцената беше поголема од секој пат, а публиката – семејство. Одам на тонска проба, како некогаш, само со повеќе спомени во ретровизорот. Истата насмевка, истиот жар, само малку повеќе живот во песната. Мојот вокмен сè уште е под перница. Ве сака, вашата Брена“, порача таа.
Инаку Лепа Брена вчеравечер во Зеница одржа спектакуларен концерт, а воведниот говор го посвети на неодамна починатиот Халид Бешлиќ.







