Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на концертот таа се завитка во бугарско знаме кое и’ го дадоа од публиката.
Корисници од Македонија споделуваат видеа и коментари од настанот. „Ја би ги исвиркал сите што отидоа на концерт на Цеца“, напиша еден корисник, додека друг иронично праша: „Дали Цеца ќе го истетовира МК знамето?“
Има и коментари кои сугерираат дека моментот бил резултат на провокација: „Бугарското знаме ѝ го подметнаа обични провокатори и добија што си бараа“ стои во еден од постовите, како и многу кои на комичен начин се осврнаа на настанот.
"Дали УДБА преку искористување на Цеца со бугарско знаме во Велес, се обидува да го
— Далибор 🇲🇰 (@Pobeda2024) November 1, 2025
опструира приближувањето на официјални Софија и Скопје околу т.н. француски предлог?"
Утринско ВасКафе ☕️😄 pic.twitter.com/Pn5kmq1Wcq
Цеца за Hallowen се преправи во бугарка 👻
— elizabethand (@eliza_and_beth) November 1, 2025
Колку од тие што и свиреле на Цеца се со бугарски пасош? Зна ли се шта?
— Iv0P0p Sivi 🦅 (@IvoPop_) November 1, 2025
И цеца не влезе во устав.
— Робин Луд (@vladimirmk) November 1, 2025
Цеца се огласи коментирајќи дека не сакала да навреди никого, најмалку домаќините, како и дека таа секогаш прифаќа знамиња од публиката.










