Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Макфакс

19/07/2025

14:08

189

Големина на фонт

а а а

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ ја подобрија положбата на младите во Македонија во првата година од владеење?“. Попов се осврна на Оперативниот план на Владата и истакна дека довербата на младите да имаат интеракција е зголемена, за разлика од претходната власт кога имаше принцип на ‘Прв дојден, прв услужен’.

„Оперативниот план би го гледал низ две призми. Едната е онаа на Владата, а тоа е дека гледаме Владата е посветена и Оперативниот план го наменила за младите луѓе во Република Македонија. Вториот момент е заинтересираноста на младите да аплицираат и да го користат тој Оперативен план и мерките кои доаѓаат од тој Оперативен план. Ја гледам довербата кај младите луѓе што ја имаат кон државата, односно довербата на секој млад човек да се впушти во една таква интеракција со државата“, вели Попов.

Тој истакна дека за време на претходната власт во земјава, постоеле тие мерки за самовработување, но разликата од оваа Влада и претходната е тоа што повиците не биле достапни до сите навреме, и според него, тоа е она што ја создало недовербата кај младите.

„Нема веќе прв дојден прв услужен, па да си јават тие на своите партиски другари дека утре сабајле во 8 почнува пријавувањето, па да се нацртаат сите спремни со документите, а останатите коишто едноставно не можеле да знаат дека тој ден ќе има јавен повик, да немаат време да ги спремат документите, и врз основа на она прв дојден прв услужен па сите да знаеме кај кого ќе завршат сите средства“, кажа Попов.