Јувентус отпочна преговори и со трет фудбалер на Манчестер Јунајтед

Дерби

18/07/2025

13:11

823

Големина на фонт

а а а

Јувентус влезе во фаза од летото кога мора да биде подиректен и поефективен за да ги добие посакуваните засилувања, а иако се чини дека е во завршна фаза од преговорите за Џејдон Санчо, последните информации се дека клубот од Торино во меѓувреме се распрашува и за трет фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Англискиот великан стави пет фудбалери на трансфер листата и меѓу нив се Санчо и Рашфорд со кои Јувентус оствари контакти, но најновата вест од Италија е дека „старата дама“ се распрашува и за Расмус Хојлунд.

Реално гледано, Јувентус нема да може да си ја дозволи огромната плата која ја добива Рашфорд во Јунајтед, па покрај Санчо, во Торино сметаат дека идеално засилување за офанзивата би бил и Хојлунд.

Угледниот „Тутоспорт“ известува дека директорите на Јувентус пројавиле сериозен интерес за данскиот напаѓач, бидејќи сметаат дека Хојлунд може да има многу големи придобивки од враќање во Италија, особено откако никако не се снајде во Премиер лигата.

Младиот напаѓач не ги оправда очекувањата во изминатите две сезони, а бидејќи претходно беше вистинска сензација во Серија А како член на Аталанта, Јувентус на него гледа како фудбалер кој би можел да биде сериозно засилување за нападот.