Македонија има еден сигурен претставник во ЕХФ Европската лига во името на РК Вардар, а желбата на цела јавност е да добиеме и втор во Алкалоид.
Победникот од ЕХФ Купот доби тежок ривал за баражот при извлекувањето кое се одржа пред три дена, но денеска имаше нова ждрепка во седиштето на Европската Федерација и беше составен изгледот на групите.
Вардар се падна во групата Ф како тим од вториот шешир и ќе игра против Кристијанштад од Шведска и Тулуз од Франција, но и против победникот од Дуго Село и Сесвете.
Поради тоа што во групната фаза не може да има два тима од иста земја, ждрепката беше полудиригирана, а дел од истата беа и бараж паровите кои беа извлечени на 15-ти јули.
Алкалоид дозна кои ривали го чекаат ако успеа да го мине Хановер во плејофот, а тоа се екипите на Фредериција од Данска, Татран од Словачка и побендикот од двомечот меѓу Савехов и Малме.
Второто по ранг европско натпреварување ќе стартува на 14-ти октомври, а групната фаза ќе биде комплетирана на 2-ри декември.