Терапевтка вели: Ова се прашањата кои откриваат дали вашиот партнер е „оној вистинскиот“

Точка

27/02/2025

17:19

410

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за романтичните врски, важно е да донесеме одлуки кои се во согласност со нашите вредности и долгорочни желби. Понекогаш се чини дека сè е на свое место, но сепак чувствуваме сомнеж и се прашуваме дали нашиот партнер е навистина вистинската личност за нас. Ваквото испрашување не е знак за проблем, туку можност подобро да разбереме што нѝ е потребно за среќна и исполнета врска.

Со поставување на неколку клучни прашања, можеме да стекнеме појасна слика за нашата врска и да откриеме дали мажот е навистина нашиот идеален партнер.


„Важно е да си поставите неколку клучни прашања во врската кои можат да ви помогнат да се чувствувате сигурни во вашиот избор. Иако вам ви се допаѓа мажот, не можете да го игнорирате досадното прашање кое постојано ви е во мислите: „Дали е тој оној вистинскиот? Но, преиспитувањето на вашата врска не е лош знак. „Всушност, здраво е да си поставите едноставни прашања за состојбата на вашиот љубовен живот, а одговорите би можеле да откријат дали тој навистина е вистинскиот за вас“, објасни терапевтката и советничка Лиан Авила за „YourTango“.


Таа истакнала кои прашања можат да откријат дали мажот е навистина „оној вистинскиот“ за вас:

1. Дали знае што ви е најважно во животот?

2. Дали мислите дека вашите најблиски го поддржуваат?

3. Дали се чувствувате како да треба да се откажете од вашите соништа за да бидете со него?

4. Се прашувате ли дали тој секогаш ви ја кажува вистината?

5. Дали чувствувате дека можете да бидете целосно свои во негово друштво?

6. Дали вашиот инстинкт ви кажува дека тој е погрешниот избор?

„Доколку одговоривте „да“ на кое било од овие прашања, би било добро да ја погледнете ситуацијата одблизу. „Ако планирате да го поминете остатокот од животот со оваа личност, вложете труд за да дознаете дали тој навистина е оној вистинскиот“, додаде Авила.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk