Кога современата архитектура ќе навлезе во некои традиционални области како што се светилишта, цркви и капели, предизвикува различни реакции.
Понекогаш архитектите јасно ги пренесуваат своите идеи, така што дури и ние лаиците на прв поглед ги разбираме, а понекогаш едноставно им се чудиме. Додека понекогаш пак, без никакво објаснување и знаење, едноставно нè оставаат без здив.
Во продолжение неколку модерни цркви кои истовремено се и скулптури и кои вистински оставаат без здив.
„Steyn Studio“ од Лондон ја дизајнирал капелата лоцирана во лозје во Јужна Африка, која била изградена во 2016 година. Инспирирана од моравските мисионерски станици од 19 век, а нејзината форма ги имитира планините зад неа.
Нема камбанарија, па не доминира во околината, освен со белата боја на бетонот, терацо и мермерот внесувајќи контраст и малку драма во пејзажот.
Свадбената капела, дизајнирана од Хироши Накамура, се наоѓа во одморалиштето Бела Виста Сакаигахама во Хирошима и била изградена во 2013 година.
Едноставната, но доста ефективна градба зборува за венчавката преку јазикот на архитектурата – две спирални столбишта создаваат цврста структура и на крајот – се обединуваат.
„Читањето меѓу редови“, црквата или нејзината деконструкција во визијата на Гијс Ван Варенберг во Лоос, Белгија, не е функционална црква, туку повеќе е скулптура.
Била изградена во 2011 година од 30 тони челик, а со својата (традиционална) форма која се менува, исчезнува и повторно се појавува, изгледа неверојатно и поттикнува на размислување.
Новата црква во Кнарвик на западниот брег на Норвешка е изградена во 2014 година и е дизајнирана од студиото „Reiulf Ramstad Architects“.
Била внимателно дизајнирана според нејзиното природно окружување, во кое одлично се вклопува благодарение на боровата обвивка, а нејзиниот изглед е инспириран од традиционалните норвешки дрвени цркви.
Оваа модерна капела во Нагасаки, изградена во 2016 година, била инспирирана од дрвената готска капела Охура-Теншуду, но и од фракталната геометрија.
Архитектонската канцеларија на Ју Момоеда создала невообичаена шума од греди во внатрешноста на капелата која го насочува погледот нагоре и повикува на размислување.
Во 2012 година била изградена нова црква во центарот на Хелсинки.
Невообичаениот овален волумен облечен во топло дрво, дизајниран од студиото „K2S Architects“, е место каде што можете да избегате од метежот и вревата.