[ФОТО] Откриена големата тајна на семејството Трамп: Ќерката Иванка му го сврте грбот на сопствениот татко

Кармин

24/02/2025

17:15

2.508

Големина на фонт

а а а

Во новата книга за американскиот претседател, „Сè или ништо: Како Трамп ја врати Америка“, авторот Мајкл Волф наведе серија тврдења поради кои од Белата куќа му порачале дека е вреќа полна со г***а.

Ќерката и зетот на Доналд Трамп, Иванка Трамп и Џаред Кушнер одбиле да потпишат дека Трам не е антисемит, се наведува во новата книга.

„Трамп, не за прв пат, му се обрати на Џаред за заштита, недвосмислено барајќи од него и од Иванка јавна поддршка“, се вели понатаму.

Згора на тоа, Џералд Кушнер има еврејско потекло, а Иванка поради него преминала во јудаизмот.

Се додава и дека „Вашингтон пост“ низ годините се обидувал да ги „рециклира“ сите изјави на Трамп, што, на прв поглед, секако може да звучи антисемитски, а Кушнер цело време избегнувал да го поддржи.

Според Волф, Кушнер конечно рекол:

„Не, јас и Иванка нема да го правиме тоа. Нема да одиме да си ги ставиме имињата на нешто и да влеземе во средината на работите. Едноставно нема да го направиме тоа овој пат“.

Кушнер и Иванка Трамп беа високи советници на Трамп за време на неговиот прв мандат, од 2017 до 2021 година, но се држеа на страна откако неговиот обид да ја врати загубата на изборите во 2020 година од Џо Бајден кулминираше со нападот на неговите поддржувачи врз Конгресот на 6 јануари.

Двајцата не презедоа улоги во неговата втора администрација по поразот на Камала Харис во ноември, иако Кушнер беше поврзан со контроверзните планови на Трамп за обнова на Појасот Газа по немилосрдниот напад на Израел како одговор на 7 октомври.


„Се или ништо: Како Трамп ја врати Америка“ на Волф е неговата четврта книга за претседателот.

Кратко пред неговото објавување во САД, британски Гардијан доби копија.

Првата книга на Волф за Трамп, „Оган и бес“, беше објавена во 2018 година и продадена во милиони примероци, иако Трамп се обиде да го спречи нејзиното објавување.

Извадоци од „Се или ништо“ објавија бројни американски списанија, пред сè оние во кои Волф тврдеше дека „омразата на Меланија Трамп кон нејзиниот сопруг е огромна“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk