Реал Мадрид ја совлада Аталанта со 3-2 во Бергамо и со тоа направи супер значаен чекор кон пласман во наредната фаза на Лигата на шампионите.
По лошите резултати во елитното натпреварување ова беше клучен меч за „кралевите“ на кој трите бода беа приоритет, бодови кои беа освоени со погодоците на Мбапе во првото и на Винисиус Жуниор и Џуд Белингем во второто полувреме.
Оваа победа дефинитивно ќе му даде и простор, воздух на тренерот Карло Анчелоти за кого во претходните недели се говореше и дека може да заработи и отказ, шпекулации со кои се пошегува Фабио Капело кој го пецна сонародникот.
- Не се грижи, ќе јадеш Панетоне - порачал Капело
Се работи за типичен италијански израз кој најмногу се однесува на тренерите кои се во неволја во првиот дел од сезоната. Кога тие не можат да „јадат панетоне“ кој е типичен италијански божиќен десерт, тоа значи дека се отпуштени пред 25 декември.
Анчелоти му одговорил на Капело со насмевка и порака дека доволно и притоа им посакал на сите убав Божиќ.