Луис Хамилтон, во неделата последен пат во кариерата го возеше болидот на Мерцедес. Трката во Абу Даби, Хамилтон ја заврши на четвртото место. Кариерата Луис ќче ја продолжи во Ферари.
Британецот со Мерцедес освои шест титули, а неодамна зборуваше кој од возачите, неговите ривали, му оставил најдобар впечаток.
„Фетел е најдобриот светски шампион, бидејќи е повеќе од возач. Има голема страст, а од друга страна се грижи за луѓето. Мислам дека тој е единствениот, покрај мене кој ја искористи својата популарност за да направи нешто добро надвор од Формула 1“, изјави Хамилтон.
На почетокот на нивното ривалство, Фетел беше поуспешен. Ја освои титулата по голема борба во 2010 година, а одлуката падна на последната трка во Абу Даби.
Хамилтон му се врати во 2017 и 2018 година кога го спречи Германецот да ја освои титулата во Ферари.
„Имавме одлични трки, но и поминавме квалитетно време надвор од патеката“, заклучи Хамилтон.