Дефанзивецот на Барса кој нема одиграно минута од месец август: Не си го слушав телото

Дерби

03/12/2024

14:08

1.293

Големина на фонт

а а а

Андреас Кристенсен беше решение за многу проблеми кои ги имаше Чави Ернандес при составувањето на стартните постави, но во ерата на Ханси Флик, Данецот засега настапи само на првиот меч во воведната рунда против Валенсија.

Причина за тоа е повредата која ја заработи на крајот на месец август, која иако во прв момент изгледаше незначајна, на крајот испадна дека е многу посериозна од предвиденото.

Поради акумулиран замор и напор врз ахиловата тетива, Барселона првично извести дека дефанзивецот ќе отсуствува неколку недели, но откако конзервативниот третман не вроди со плод, Кристенсен замина во Данска за да направи операција и целосно да го реши проблемот.

Во овој момент не е познато кога точно Кристенсен ќе се врати на терените, но тој тврди дека ги направил првите коректни чекори и дека сега е на сигурен пат кон враќање во тимот.

– Полека се враќам на тренинзите и тоа е првиот чекор во овој долг процес. Нема да брзаме, треба да работам на враќање на мускулатурата и да зацврстам во секој поглед. Најдобра вест е што се чувствувам добро, конечно сум уверен дека сум на вистинскиот пат.

– Да бидам искрен, пред да направам операција, не се сеќавам кога последен пат играв без болка. Најверојатно во сезоната 2022/23, а за тоа сум виновен и јас. Требаше да го слушам моето тело повеќе, но од друга страна, секогаш сакаш да му стоиш на располагање на тимот и да помогнеш во тешки околности. Сега научив дека треба да си го пазам и слушам телото кога е тоа потребно. Требаше да направам чекор назад минатата сезона, но времето не може да се врати. Цел свет знаеше дека долго време играм со болки, самиот придонесов да дојдеме до тука.

– Позитивно во цела ситуација е што полека го гледам светлото на крајот на тунелот. Работиме напорно секој ден, добивам третмани секој ден за да ја вратам силата и самодовербата во мојата нога. Сега сум на вистински пат да се вратам 100 проценти подготвен за игра, – најавува Кристенсен.