Хрватската старлета Ава Карабатиќ ја најави својата кандидатура за претседателските избори: Бара да ја ословуваат според стручните квалификации

Точка

23/11/2024

14:44

911

Големина на фонт

а а а

Хрватската старлета Ава Карабатиќ на својот профил на Инстаграм ја најави својата кандидатура на претстојните претседателски избори во Хрватска, велејќи дека „како професорка по италијански и латински јазик ја нагласува важноста на образованието“.

Споделувајќи своја фотографија со хрватското знаме во заднина, таа напиша: „Сакам да ја информирам јавноста дека официјално ја објавувам мојата кандидатура за претстојните претседателски избори. Како професорка по италијански и латински јазик, со диплома стекната на државен универзитет, ја нагласувам важноста на образованието, културата и професионалниот пристап кон сите аспекти на општественото делување“.


Притоа, таа потенцираше дека бара јавно да ја ословуваат „со нејзините вистински професионални и академски квалификации“.


„Денес во хотелот Осиек имав исклучително конструктивен и инспиративен разговор со министерката за култура, г-ѓа Нина Обуљен Коржинек. Таа средба, која ја одбележа меѓусебното разбирање, дополнително ме поттикна да ја донесам оваа важна одлука и да ја објавам мојата кандидатура“, додаде поранешната ријалити ѕвезда.



Таа исто така кажа дека културата, образованието и општествената одговорност се темелот на нејзината програма.

„Ви благодарам за поддршката и се радувам што со вас ќе ја споделувам мојата визија за подобро општество“, додаде на крајот Карабатиќ.


Потсетуваме, ова не е првпат Карабатиќ да се кандидира за избори, претходно на парламентарните избори таа дури освои и повеќе гласови од хрватската министерка за култура Нина Обуљен Коржинек. Меѓутоа, тоа не беше доволно за влез во парламентот, а таа најави дека нема да се откаже од политиката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг