Жестока казна за полските судии кои се избламираа со најлошата ВАР одлука во историјата

Дерби

22/11/2024

13:54

2.087

Големина на фонт

а а а

Натпреварот од Лигата на нации меѓу Шведска и Азербејџан заврши со резултат 6:0, па веројатно бргу ќе беше заборавен од европската фудбалска јавност ако не беше еден контроверзен момент.

ВАР собата погрешно му поништи погодок на Александер Исак, откако направи неверојатно лоша проценка за позицијата на шведскиот репрезентативец при примањето на топката на противничката половина, а веќе стигнаа и казните за судиите кои биле во главна улога.

Судиите на теренот првично го признаа голот, но мораа да ја почитуваат сугестијата на ВАР собата дека имало офсајд во акцијата, па Исак остана оштетен за еден гол во националниот тим.

Полската фудбалска федерација реагираше експресно и ги суспендирала судиите Павел Малек и Даниел Стефански, одземајќи им ја можноста во иднина да бидат ангажирани како судии на терен, или како ВАР судии.

Полскиот тандем веројатно ќе доживее слична судбина и од УЕФА, бидејќи одговорните во Европската фудбалска федерација веќе ја признаа грешката со поништувањето на погодокот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг