[ФОТО] Кинески рекордер: Вози со речиси 400 километри на час, но не е најбрзиот електричен автомобил во светот

Точка

15/11/2024

22:16

3.623

Големина на фонт

а а а

Максималниот вртежен момент е 1.680 Nm, додека вкупната моќност на автомобилот е 1.300 коњски сили.

Кинескиот "BYD" објави дека електричниот суперавтомобил "Yangwang U9" достигнал максимална брзина од 391,94 km/h, поставувајќи нов рекорд како најбрз автомобил во Кина.

Во исто време, тој е трет најбрз електричен автомобил во светот, по "Aspark Owl SP600" (438,73 km/h) и "Rimac Nevera" (412 km/h).


Оваа брзина е постигната на германската тест патека во Папенбург.

"Yangwang U9" беше лансиран во февруари оваа година, а испораката започна во август. Автомобилот е долг 496 cm, а меѓуосовинското растојание е 290 cm.


Покривот е изработен од карбонски влакна, а заден спојлер доаѓа како стандард.

Достапен е во три бои: "Moonlight Silver", "Argyle Purple" и "Cabernet Danzhu".


Автомобилот има максимален вртежен момент од 1.680 Nm, додека вкупната моќност е 1.300 коњски сили (четири електромотори).

Забрзува од 0 до 100 km/h за 2,36 секунди, додека времето на спринт од 0 до 400 метри е под 10 секунди, поточно 9,78 секунди.


Кога станува збор за досегот, "Yangwang U9" е опремен со батерија "LFP" од 80 kWh, со опсег на "CLTC" од 450 km и можност за брзо полнење од 30% до 80% за 10 минути.

Почетна цена? Приближно 222.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг