Сите зборуваат за чудниот бакнеж на првата дама и вториот господин на САД: Џил Бајден вака се поздравила со сопругот на Камила Харис...

Кармин

08/02/2023

12:45

4.308

Големина на фонт

а а а

Забележан е необичен поздрав на првата дама на Америка Џил Бајден и сопругот на потпретседателката на САД Камила Харис, Даг Емхоф во Претставничкиот дом.

Моментот се случил пред Џо Бајден да се обрати пред присутните. Фотографиите од бакнежот веднаш се прошириле на социјалните мрежи, а „New York Times“ пишува дека тоа изгледа навистина чудно.


На прв поглед може да помислите дека е фотомонтажа, но не – бакнежот навистина се случил.

Џил Бајден го бакнала во уста вториот господин на САД, како што гласи „титулата“ на Емхоф.

Луѓето околу нив како што може да се види од фотографијата, ја поздравиле со ракоплескање нивната средба не оддавајќи знаци дека ги зачудил овој гест.


Бакнежот во уста секако дека може да има и пријателско значење и ставот за него се разликува од општество до општество, односно од култура до култура.

Се знае дека Американците се многу либерални во врска со тоа (барем некои од нив), па за нив главно е вообичаен ваквиот поздрав. Но, како што може да забележиме, „New York Times“ се чуди на овој гест на Џил Бајден.


Сцената била прилично неочекувана и дефинитивно едно од најголемите изненадувања во врска со досегашните потези на првите дами на САД.

Како вие го коментирате овој бакнеж во Претставничкиот дом во САД?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk