Пријателски настроените луѓе се отворени, сакаат да се забавуваат и сакаат да имаат што повеќе блиски луѓе околу себе.
Тие први ќе ви пријдат и ќе започнат разговор со вас, а понекогаш не им е ни важно дали повторно ќе ве сретнат бидејќи само сакаат да го искусат задоволството на запознавање некој нов.
Ако сретнете некој кој веднаш ќе започне разговор со вас во супермаркет или на автобуска станица, постои голема шанса да е роден во некој од овие знаци.
Овој авантуристички знак сака да запознава нови луѓе. Стрелците обожуваат да излегуваат, да одат на разни забави и да посетуваат клубови за да додадат нови личности на својата и онака долга листа на пријатели. Немаат проблем да започнат разговор со непознати и се заинтересирани за бројни теми, па разговараат за сè.
Близнаците не само што се забавни соговорници туку поседуваат и голема емоционална интелигенција. Во нивна близина дури и повлечените луѓе се чувствуваат опуштено. Тие се во центар на вниманието на секоја забава, не само затоа што се ведри и весели, туку и затоа што се грижат сите околу нив добро да се забавуваат.
Вагите одлично се сложуваат со сите. Тие се обично многу смирени и немаат трема кога запознаваат нови луѓе бидејќи знаат дека можат со леснотија да ги шармираат. Вагите поседуваат вродена топлина, па луѓето се чувствуваат пријатно во нивно друштво. Тие одлично слушаат и искрено ги интересира што другите имаат да кажат.
Овенот е забавен пријател. Овие луѓе постојано се шегуваат и раскажуваат анегдоти за да бидат сигурни дека сите во нивното друштво одлично се забавуваат. Ако Овенот ве смета за срамежливи, тој ќе даде сè од себе за да се чувствувате опуштено во негова близина. Овој отворен знак е „душата“ на секоја забава, па затоа вистинските лудории започнуваат дури откако Овенот ќе се појави.