Здраво и вкусно! Рецепт за салата со цвекло и пченка – телото ќе ви биде благодарно

Кармин

07/02/2023

18:10

4.138

Големина на фонт

а а а

За време на студените денови, потребна ни е храна која ќе го зајакне нашиот имунитет и ќе не одбрани од вируси и настинки.

Цвеклото важи за многу здрав зеленчук, па затоа одлучивме да споделиме рецепт за салата од цвекло и пченка.

Покрај тоа што е здрава, оваа салата е многу вкусна и одлично оди со сите јадења.


Состојки:

- 1 поголемо цвекло;
- 2 моркови;
- 200 гр. пченка од конзерва;
- 1 главица црвен кромид;
- 2 лажици маслиново масло;
- ½ лимон;
- 2 чешниња лук;
- сол.


Подготовка:

Измијте го, излупете го и исечете го цвеклото на стапчиња. Направете го истото со морковот.

Црвениот кромид исечкајте го на ленти или коцки, а белиот на ситни парчиња.

Во сад ставете ги пченката, морковот, цвеклото и двата вида кромид.

Се прелива со масло и сок од лимон. Додадете сол и зачини по ваш вкус. Сè добро измешајте.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk