Познатата модна блогерка се појавила во „гол“ фустан во Бакингемската палата, но го испочитувала протоколот: Еден детаљ спречил скандал

Кармин

07/02/2023

14:44

4.943

Големина на фонт

а а а

Една од првите модни блогерки која беше зачетник на лавината инфлуенсерки, Алекса Чанг, вчеравечер присуствувала на прием во Бакингемската палата во повеќе од ризично издание.

Не толку одамна Алекса беше пример за беспрекорен моден стил. Кога светски познатите блогерки можеа да се избројат на прсти, секоја нејзина модна комбинација беше голем бум.

Со времето таквиот ефект се изгуби, но таа го зачува своето влијание во модниот свет. Блогерката, чиј татко е по потекло од Кина, а мајка ѝ е Англичанка, била една од најзабележаните гости на приемот во чест на Британската заедница на источна и југоисточна Азија.

За настанот кој се одржал во Бакингемската палата, Чанг одбрала „гол“ фустан од латекс под кој се наѕирала нејзината долна облека.

Но, настаните во палатата се одржуваат по одреден протокол и бараат одмерена гардероба, што добро го знае и самата Алекса, па таа врз провокативниот фустан облекла црно сако и во тоа издание се поздравила со домаќините на свеченоста, кралот Чарлс и кралицата Камила.

Со ваквиот потег, Чанг била доволно внимателна да не предизвика светски скандал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk