Трикови со кои вашата мала кујна во домот ќе стане визуелно поголема: Уредете го ентериерот на правилен начин

Кармин

07/02/2023

14:30

4.123

Големина на фонт

а а а

Сите сонуваме за голема и просторна кујна со најмодерни кујнски апарати. Меѓутоа, не можат сите да се пофалат со просторна кујна во која можно е да ги поставите сите неопходни парчиња мебел.

Малите кујни се типични за становите, но дури и малиот простор може да биде дизајниран стилски поради тоа што денес постојат безброј паметни решенија и трикови кои ќе ви помогнат максимално да го употребите секој нејзин предел.

Иако кујната е со мала димензија сепак нема потреба да ја ограничувате вашата фантазија затоа што малиот простор со вистински дизајнерски совети може да изгледа атрактивно и удобно. Главната работа е да пристапите во добро организирање на просторот.


Уредување на мали кујни

Искористете го секој агол од својата мала кујна со помош на аголни парчиња мебел и полици. Изберете ормарчиња со лизгачки врати.

Помалите кујнски апарати исто така се одлична опција за малите простори поради тоа што нема да заземаат многу простор на работните површини.

Доколку во склоп на кујната имате остров или трпезариска маса, може да изберете столици на располагање.


Огледалата имаат моќ секој простор визуелно да го направат поголем, искористете ги паметно.

Неопходно е да ја изберете и вистинската боја на кујнските ормарчиња. Никогаш не бирајте темни кујнски ормарчиња поради тоа што тие веднаш ја замрачуваат просторијата и ја прават да делува многу помала, па дури и помала отколку што е. Одлучете се за бела боја и сјајна обработка затоа што природниот отсјај ќе ја „разбуди“ просторијата.

Вертикални декори на елементите или ѕидовите исто така се исклучително решение поради тоа што ја прават кујната да изгледа повисока.


За малите простори најдобро е да користите материјали како што се пластика, иверка и метал. Елементите од полно дрво и мермер изгледаат импресивно и гламурозно и нема да бидат најдобро решение за малата кујна.

Не заборавајте на аглите. Ова место искористете го за мијалник, аголни полици или рерна. Доколку постои можност да се искомбинира кујната со соседната просторија, креирајте модерно студио.


Малата кујна не е причина да се откажете од убавите елементи. Погледнете ја вашата кујна од друг агол, откријте што ѝ недостасува за да изгледа модерно и складно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk