Откако Мадона се појави на сцената на Греми наградите, луѓето не престануваат да зборуваат за нејзиниот изглед

Кармин

06/02/2023

14:33

5.337

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер, на 65-то доделување на Греми наградите се појави и пејачката Мадона, овојпат во улога на презентер.

Таа ги најави Сем Смит и Ким Петрас и нивниот хит „Unholy“, песна која беше наградена во категоријата најдобро поп дуо/групен настап.

Кралицата на поп музиката се појави на сцената во монохроматско издание составено од долго црно здолниште со изрез на страна и долго црно сако со необичен крој, големи џебови и истакнат струк.

Мадона под сакото носела бела кошула и црна вратоврска, а изгледот го надополнила со мрежести чорапи и чевли на платформа во темносина боја. Се одлучила и за прилично нетипична фризура во стилот на принцезата Леа од „Star Wars“.

Славната пејачка носела ракавици од мрежеста ткаенина, обетки во облик на крст и светкави прстени, како и шок детаљ во нејзин стил – во рацете држела кожен камшик, карактеристичен за садо-мазо игрите во кревет.

Но, она што привлече многу повеќе внимание од самото модно издание на Мадона е нејзиното лице – дефинитивно поинакво од претходно и видно подмладено.

За потсетување, поп ѕвездата веќе неколку години наназад е на мета на критики поради опседнатоста со естетските корекции, но и употребата на Фотошоп на фотографиите на Инстаграм. Но, овојпат дефинитивно не станува збор за обработка на фотографиите бидејќи јасно се гледало дека 64-годишната Мадона повторно отишла „под нож“, а реакциите на публиката не изостанаа.

„Што се случува со нејзиното лице?“, „Се обидувам да го игнорирам фактот дека Мадона има целосно ново лице“, „Таа изгледа како имитатор на Мадона додека на екранот зад неа одат вистинските фотографии од неа“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk