Делегација предводена од бугарскиот в.д. вицепремиер Демерџиев ќе оддаде почит на гробот на Гоце Делчев во Скопје

Макфакс

03/02/2023

21:27

2.481

Големина на фонт

а а а

Официјална делегација од Република Бугарија, предводена од вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, утре ќе положи венец и ќе му оддаде почит на гробот на Гоце Делчев во Скопје, се наведува во ставот на бугарското Министерство за надворешни работи.

Поводот е прославата на 151-годишнината од раѓањето на револуционерот.

Во согласност со дипломатската практика, бугарската амбасада во Скопје официјално ги известила властите во Северна Македонија со три вербални ноти – една од 2 февруари и две од 3 февруари, посочуваат од тамошното МНР.

Министрите за внатрешни работи на Бугарија и на С. Македонија се во постојан контакт, како и амбасадата на Бугарија во Скопје со македонското МНР, соопштија од бугарското МНР.

„Очекуваме властите на Република Северна Македонија да обезбедат непречен пристап до црквата Св. Спас“, каде што е гробот на Гоце Делчев, и на официјалната бугарска делегација и на Бугарите од Бугарија и Северна Македонија кои сакаат да се поклонат“, додаваат од бугарското Министерството за надворешни работи.

Оттаму соопштија дека Иван Демерџиев и заменик министерот Венцислав Катинов ќе положат цвеќе во дворот на црквата Свети Спас во Скопје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг