(Видео) Роналдо се изнапромашува, па го постигна својот прв гол за Ал Наср од пенал

Точка

03/02/2023

19:37

3.220

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо нема по добро да ги памти своите први натпревари во Саудиска Арабија. Во првите два настапи за Ал Наср остана без постигнат гол, а не се прослави ни со прикажаната игра.

Иако се мачел и денеска, за него сепак било трета среќа. На гостувањето кај Ал-Фатех Португалецот промаши две добри шанси, а еден гол му беше поништен поради офсајд. Се беше подготвено уште еднаш да биде прогласен за трагичар.

Во 35-та минута, при резултат 1-0 за домаќинот, Роналдо имаше идеална можност, топката се одби и дојде до Португалецот, кој на седум метри беше сосема сам, но ја прати топката над пречката.

Во 45-та минути по корнер ја погоди рамката, а неговите соиграчи во двете ситуации не можеа да веруваат …

Сепак, на крајот стана спасител, бидејќи во судиското продолжие постигна гол од пенал со кој неговата екипа избегна пораз. Се играше третата минута од судиското продолжение кога Роналдо погоди од белата точка за конечни 2-2.

Роналдо на тој начин го постигна својот прв погодок за Ал Наср, клуб во кој за две години ќе заработи 500 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг