Амбасадорите на Франција и Австрија на средба со претставници од Советот на амбасадори

Макфакс

03/02/2023

19:23

1.399

Големина на фонт

а а а

Во рамките на редовните активности на Советот на амбасадори, поврзани со процесот на европската интеграција, вчера беа одржани две средби.

Францускиот амбасадор Бомгартнер организираше работен доручек за делегацијата на Совет на амбасадори, на кој што присуствуваше и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир.

Подоцна, во резиденцијата на австрискиот амбасадор во Скопје, Георг Вуцас, беше приреден работен ручек за проширена делегација на Советот.

На средбите беа разменети мислења за повеќе теми од македонско – европските односи за кои што Советот на амбасадори веќе ги изнесе своите ставови во јавноста. Исто така, делегацијата на Советот на амбасадори укажа на деликатниот политички момент во Европа и на потребата за позначајно придвижување на процесот на европската интеграција на земјата, но и на целиот регион на Западниот Балкан.

Амбасадорите од земјите–членки на ЕУ посебно се интересираа за клучниот предизвик за продолжувањето на евро-интегративниот процес, односно за уставните измени.

Советот на амбасадори и во наредниот период ќе продолжи со консултациите и со останатите амбасадори од земјите-членки на Европската Унија, како и со амбасадорите на земјите кои што ја поддржуваат македонската европска интеграција, се вели во соопштението од Советот на амбасадори.




Спонзорирани линкови

Маркетинг