Уапсен шеф на италијанската мафија, работел како пица мајстор! Го бркале 16 години, убил двајца браќа и ги растворил во киселина

Точка

03/02/2023

21:01

3.252

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат светските медиуми, во Франција е уапсен шеф на италијанската мафија „преправен“ во пица мајстор.

Утврдено е дека осудениот италијански убие Едгардо Греко (63) работел како пица мајстор, по што бил уапсен по 16 години бегство. Се смета дека припаѓа на една од најмоќните мафијашки организации во таа земја, се наведува во текстот на британски „Guardian“

Тој е осомничен дека припаѓа на озлогласената Ндрангета, моќна мафијашка организација во Калабрија, во јужна Италија. Интерпол соопшти дека Греко е уапсен во четвртокот во францускиот град Сент Етијен, каде во еден момент бил сопственик на италијански ресторан под псевдоним.


Италијанските власти бараат Греко да отслужи доживотна казна затвор поради убиство на Стефано и Џузепе Бартоломео, се наведува во соопштението на Интерпол. Браќата Бартоломео биле претепани до смрт со железни шипки во складиште за риби во јануари 1991 година, соопштила италијанската полиција. Нивните тела никогаш не се пронајдени и се верува дека се растворени во киселина.

Тој исто така е обвинет за обид за убиство на Емилијано Мосјара како дел од мафијашката војна меѓу бандите Пино Сен и Перно Прано, која ги одбележала раните 90-ти. Греко станал сопственик на италијански ресторан во Сент Етјен под име „Caffe Rossini Ristorante“, кој го водел до ноември 2021-ва, рекла француските обвинители.


Судејќи по документите, го користел името Паоло Димитрио, а работел и во други италијански ресторани во градот. Греко исто така работел ноќна смена во пицерија под своето лажно име, пренесуваат италијанските медиуми.

По апсењето во раните утрински часови, се појавил пред истражниот судија во Лион кој официјално го известил за италијанскиот налог за апсење рекле обвинителите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг