Баш кога славната убавица потврди дека е бремена, се појавија тврдења дека сопругот и популарен пејач повеќе пати ја изневерил.
Бехати Принсло, популарната намибиска манекенка и некогашен ангел на „Викторија Сикрет“, на свет го донесе своето трето дете.
Како што јавува магазинот „People“, славната убавица и Адам Левин, фронтменот на бендот „Maroon 5“, повторно станале родители, а сè уште не се откриени повеќе детали за нивното дете.
Парот веќе ги има ќерките Дасти Роуз (6) и Џио Грејс (4), а во брак се од 2014 година.
Иако важат за славни кои не зборуваат за приватниот живот, Бехати минатата година потврдила дека во нивното семејство пристигнува третото дете, а баш тие денови беше откриено дека Левин наводно ја изневерувал манекенката.
Имено, прво една девојка на ТикТок ги покажала пораките кои Адам ѝ ги испратил и објаснила дека со него била и во врска.
Adam Levine is finna be going through it bucko. Holy smokes this woman spilled all the beans. That naming the kid part is effing SICK. Yikes. pic.twitter.com/6GWKWl7Vc8
— ⚯͛ △⃒⃘ Bruce ϟ 9¾ (@Bruce_Cares) September 19, 2022
„Имав афера со маж којшто е во брак со ангел на „Викторија Сикрет“. Тогаш бев млада, наивна и искрено се чувствувам искористено“, раскажала девојката, а воедно и манекенка Самнер Стро.
Таа тврдела дека Левин и таа една година имале „физичка врска“, како и дека во тој момент не комуницирале со месеци, сè до јуни 2022 година кога повторно пејачот ѝ испратил порака. Станува збор за бизарно прашање на музичарот – дали таа има нешто против Адам и Бехати на бебето да му го дадат нејзиното име доколку добијат момче.
Откако беше објавено тоа видео, се огласиле уште две девојки кои споделиле пораки кои Адам им ги испраќал, а музичарот потоа се огласил на Инстаграм.
„За мене моментално многу се пишува и сакам да ги разјаснам работите“, започнал Адам Левин.
„Имав лоша процена што зборував со некој којшто не е мојата сопругата на начин којшто можеби се смета за флерт. Немав афера, но ја преминав границата во периодот од мојот живот поради што се каам“, напишал фронтменот на групата „Maroon 5“.
Тој исто така истакнал дека неговото семејство му е најважно на светот и дека никогаш нема да му се повтори да флертува со некој.