Апсурден потег на познатата манекенка на гала вечера кој ги изненадил и присутните: Сите јаделе врвни специјалитети, а таа отишла во крајност

Кармин

30/01/2023

20:02

6.394

Големина на фонт

а а а

Манекенката Миранда Кер во текот на викендот присуствувала на гламурозна прослава на „G’Day USA Gala“, а додека останатите поканети гости уживале во гурманската вечера со различни специјалитети и скапоцено црвено вино, таа решила на овој настан да си донесе свој „оброк“.

Славната 39-годишна манекенка објавила фотографија на која јаде банана и пие кокосова вода на свечено поставената трпеза.

„Медицинските експерти тврдат дека кокосовата вода и бананите се природни бета-блокатори“, напишала Кер на фотографијата. За потсетување, бета-блокатори се лекови кои го намалуваат крвниот притисок и ги намалуваат ефектите од хормонот на стрес.


Некои од присутните биле прилично изненадени од ваквиот потег на манекенката, па така австралискиот радио водител и комичар Мајкл „Випа“ Випфли во својата емисија признал дека шишето вино од неговата маса „исчезнало со брзина на светлината“, а кога погледнал кон масата на која седеле Миранда и нејзиниот сопруг Еван Шпигел, како и пејачката Кејти Пери – нивното шише било недопрено.

„Нашата маса беше потполно чиста, немаше ни капка алкохол на видик, но затоа Миранда, Кејти и Еван не го ни допреа нивното шише вино“, рекол тој и додал дека потоа ја видел манекенката како јаде банана и пие кокосова вода.


„Јадеше банана на масата. Вечераше една банана“.

Инаку, Миранда на самиот настан заблескала во едноставна, бела креација со миди должина, која го истакнала нејзиното витко тело, а сега е јасно дека за ваквиот изглед манекенката и тоа како се жртвува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk