Тиктокерка покажала како изгледаат нејзините фотографии со и без Фотошоп: „Не им верувајте на социјалните мрежи“

Кармин

24/01/2023

11:04

4.617

Големина на фонт

а а а

Една Тиктокерка им покажала на своите следбеници како изгледаат таа и нејзиниот сопруг на фотографиите без филтери и како кога ќе ги уреди во Фотошоп.

Видеото стана вирално и е погледнато повеќе од 3,6 милиони корисници на оваа социјална платформа.

„Еве зошто никогаш не треба да се споредувате со луѓето на социјалните мрежи“, напишала девојката во описот на објавата на која се гледаат неуредени фотографии од неа и сопругот, а потоа и оние фотошопираните, на кои се додадени ефекти, шминка, па дури и насмевка на лицето.

„Ти благодарам, ми требаше ваков потсетник“, „Изгледаш подеднакво убаво и без Фотошоп“, „Опасно е кога луѓето си го споредуваат животот со видео од 30 секунди на ТикТок за кое е потребно 1 час подготовка“, „Бев несигурна во себе, а сега го гледам ова видео по неколку пати на ден“, ѝ пишувале следбениците во коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk