Пејачката и дизајнерка Викторија Бекам на Инстаграм објави видео од нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, на кое поранешниот фудбалер пие кафе, го гледа мобилниот телефон и ја потпевнува песната „All I Want for Christmas Is You“ на Мараја Кери.
Дејвид најпрвин не забележал дека Викторија го снима, сè додека не успеал да „погоди“ висока нота. На почетокот му било малку непријатно кога забележал дека таа го снима, се насмевнал, но на крајот ѝ го покажал својот вистински пејачки талент и го испеал овој универзално популарен божиќен хит докрај.
„Даде сè од себе“, напишала Спајсицата и дизајнерка во описот на видеото кое за еден ден е прегледано повеќе од милион пати и предизвика многу реакции. Меѓу другите, во коментарите се огласила и пејачката на најпопуларната божиќна песна Мараја Кери.
„Ова сега е мојата нова омилена интерпретација на песната. Дечки, ве сакам“, напиша таа под видеото. Бројни познати личности ја пофалија верзијата на Бекам.
„Крајот е одличен“, „Ти благодарам за ова“, „Дејвид има одличен глас“, „Може и да пее“, „Каков господин. Викторија, се надевам дека ова те направи среќна“, се дел од коментарите под видеото.