Адријана Лима присуствувала на глобалниот состанок на WTTC посветен на природата, туризмот и патувањето во Ријад, а за овој настан манекенката избрала интересна „диско“ креација.
На официјалната веб-страница на самитот е посочено дека целта на средбата е да се најде решение за закрепнување на секторот од последиците што ги остави зад себе пандемијата и да се создаде стратегија за одржлив развој.
Бразилката за оваа пригода се одлучила за сако и широки панталони со светки, а целокупниот стајлинг го заокружила со обетки и салонки.
За потсетување, Лима е во врска со филмскиот продуцент Андре Лемарс, а на 28 август роди момче. Таа има две ќерки од бракот со кошаркарот Марко Јариќ, а ова ѝ е прво дете со филмскиот продуцент Андре Лемарс.