Директорката не го видела мејлот - денешните дојави за бомби во Скопје се вчерашни! Јавноста тера сеир: „Доџи јуче“

Точка

02/12/2022

17:55

2.978

Големина на фонт

а а а

По трите денешни лажни дојави за подметнати бомби, три во скопски основни училишта и една во училиште во Крива Паланка, министерот за внатрешни работи информираше дека едната од нив всушност била од вчера, но дека директорката на основно училиште во скопски Петровец, на чија меил адреса била испратена дојавата, вчера не ја видела пораката.

„Денешните дојави за бомби во скопски основни училишта се во Петровец, но тоа се пријави испратени во текот на вчерашниот ден. Дојавата за бомба е стигната во текот на вчерашниот ден на електронската адреса на директорката на училиштето „Кочо Рацин“, но таа не ја видела пораката. Откако денеска ја видела, веднаш пријавила“, соопшти денеска министерот Оливер Спасовски.

Јавоста тера сеир за директорката која вчера не го отворила меилот.

Бајати и тие…

Posted by Божидар Божиновски on Петок, 02 декември 2022

„Ова со директорката, мејлот и бомбата сé повеќе личи на вицон 'доџи јуче'. Во случајов е 'отвори јуче', али среќа ова е Балкан, па никој не е сериозен - од директорка, виртуелни бомби, фејк терористи па до министер“, „Може у спам фолдерот стигнало затоа не видела одма да се хејтало“, „Па не може жената сВе, аман“.

Инаку, во однос на обезбедувањата во средните училишта во Скопје, Спасовски информира дека само едно училиште има обезбедување, но во него досега немало лажна закана за бомби.

Во последните два дена за првпат имаше закани за бомби и во основни училишта, а денес по прв пат имаше дојава и за експлозивна направа во образовна установа надвор од Скопје, поточно во Крива Паланка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг