Скопско, Пиварци и општините во заедничка акција исчистија 7 локации околу Охридското Езеро

Точка

02/12/2022

17:16

2.111

Големина на фонт

а а а

Над 100 волонтери Пиварци, претставници од општините Охрид, Струга и Дебрца, Црвен крст Охрид, нуркачките клубови Амфора и Акватек, денеска го исчистија дното и крајбрежјето Охридското Езеро на 7 локации.

Во рамки на акцијата која беше организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, а поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак, беше собран отпад на вкупна површина од над 100.000 метри квадратни.


„Брендот Скопско секогаш го поддржува она што е суштински значајно и автентично за нашата заедница. Како еден од најстарите македонски брендови чувствуваме дека е нашa одговорност да се вклучиме и да придонесеме кон истата, со особен фокус на заштита на животната средина и активно да делуваме за зачувување на нашите природни и културни богатства, како што е Охридското Езеро. Ова е воедно и повик до сите да ја разберат улогата и одговорноста која ја имаат во заштита на овие национални обележја на кои сме горди. Оваа акција е само вовед во долгорочната платформа за заштита на животната средина која Скопско наскоро ќе и ја претстави на јавноста.“ – изјави Марта Завкова, сениор бренд менаџерка за Скопско во Пивара Скопје.


Општина Охрид како и досега ја поддржа оваа акција и вети дека и во иднина ќе се вклучи во ваквите еколошки акции и ќе даде поддршка на сите проекти кои се поврзани со заштита на природното богатство. “Она што сме го добиле како најскапоцен подарок од природата, а светот го вреднува како светско наследство, обврзани сме да го заштитиме и да го сочуваме за идните генерации“ - изјави градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко ги повика стружани заеднички да ја чуваат околината и да обезбедат чиста и здрава животна средина. „Задоволство ми е што денеска сум дел од ваква еколошка акција и соработка. Нашиот град се познава по убавата природа, чистиот воздух и животната средина, но ова не значи дека ние и понатаму не треба да вложуваме и да се трудиме за подобра иднина,“ изјави Мерко.


„Дебрца иако рурална општина, преставува значајна алка со подеднаква одговорност во заштитата на нашиот бисер, Охридското Езеро. И најголемиот слив на Охридското Езеро, сливот на реката Сатеска започнува и завршува во Дебрца и затоа не случајно е дел од природното и културно наследство во регионот заштитено од УНЕСКО“ вели Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебарца. „Се надевам дека ваквите еко-активности со кои во голема мера допринесуваме во заштита на животната средина ќе останат добра пракса и во иднина.“


Подводно, езерото се чистеше на неколку локации: Заливот на коските, Градиште и вливот на реката Сатеска, со посебен акцент на местата каде се мрести охридската пастрмка. Никола Паскали од нуркачкиот клуб Акватек од Охрид изјави - „Ја поздравуваме организацијата на што повеќе вакви акции зошто веруваме дека помагаат да се подигне свесноста и чувството за одговорност на секој индивидуално за вклучување, но не само за чистење туку и за заштита и соодветно отстранување на отпадот. Охридското Езеро е гордост на сите во земјата и мораме да го зачуваме и заштитиме.“


 Поддршка во реализација на оваа акција дадоа од Мен енд Маунтаин кои ја потенцираат ургентноста од делување и значењето кое го имаат овие акции за чистење на животната средина, но и за јакнење на свесноста за одговорноста на секој поединец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг