Ериксон го избра најдобриот играч од незаборавната генерација на Англија

Дерби

02/12/2022

16:16

1.985

Големина на фонт

а а а

Свен Геран-Ериксон беше првиот странски тренер кој ја водел најсилната селекција на Англија и се задржа како селектор пет години во периодот од 2001-ва до 2006-та, а иако изостанаа успеси, Швеѓанецот може да се пофали дека го тренираше најталентираниот тим од Островот.

Во неверојатниот тим со кој располагаше Ериксон имаше фудбалери како Рио Фердинанд, Џон Тери, Вејн Руни, Дејвид Бекам, Мајкл Овен, Френк Лампард, Стивен Џерард, Пол Сколс и многу други, но кога треба да издвои само еден, искусниот стратег се задржува само на едно име.

Според Ериксон, најталентираниот играч во незаборавната генерација на Англија бил Пол Сколс, поради тоа што играчот за врска на Јунајтед можел да ги одработи сите задачи на теренот.

– Мислам дека Пол Сколс е најталентираниот играч кој некогаш сум го тренирал. Може да бирам од листа на која има имиња како Руни, Бекам, Фердинанд, Тери, па дури и Овен кога беше во најдобрите моменти.

– Но, Сколс беше се во едно, цел пакет. Тој беше плејмејкер, финишер, се бранеше добро. Не беше најдобар во свет, но можеше да направи се на теренот, брилијантен фудбалер, – вели Ериксон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг