Ѕвездата на Баерн стравува за себе: Ова е најлош ден во кариерата, се плашам дека ќе паднам во црна дупка!

Дерби

02/12/2022

16:15

1.958

Големина на фонт

а а а

Германија ја разочара цела јавност и цела домашна нација на второ Светско првенство по ред, бидејќи по потопот во Русија, вчера се официјализираше ново фудбалско фијаско во Катар.

Четири години подоцна, германскиот тим кој сега е предводен од Ханси Флик изгледаше исто ранливо и непрепознатливо како оној на Јоаким Лев, а еден од лидерите на оваа нова генерација се плаши дека ова може многу негативно да влијае на неговата кариера.

Џошуа Кимих бил максимално огорчен и разочаран во разговорот со германските новинари по крајот на средбата со Костарика, нагласувајќи дека Германија била велесила пред тој да дојде во репрезентацијата и речиси на секој турнир стигнувала до полуфиналето.

– Ова е најлош ден во мојот живот, во мојата кариера. Се плашам дека ќе паднам во црна дупка после ова. Ќе почнам да мислам дека овие неуспеси се поврзани со мене како индивидуалец и личност.

– Јас се приклучив на германскиот тим во 2016-та година, дотогаш, репрезентацијата секогаш играше во полуфиналињата. Од тој момент, ние двапати доживуваме елиминација во групна фаза на Светско првенство. Тоа што се поврзувам со овој неуспех не ги прави работите лесни за мене. Не му помогнав доволно на тимот, си одиме дома и се плашам дека ќе паднам во црна дупка, – изјавил Кимих.



Спонзорирани линкови

Маркетинг